Некоi, шчо носит име Петр, сам не си го клал името, ами му го клале друзи - нунковците. Нунковците му клаваат iедно име на кумчето, тоi со него да се разликуат од друзите л'уг'е, деца, жени, моми. Кога ке го викнат Петр, не ке се одзрнит Иван, Лазар, Велика, и прочее. Значит името на iеден чоек не iет толку важно за самиiот него, колку за друзите, за тоа он не се крстит сам, ами го крстат него друзи. Он сам и не се велит Петр, ами си велит: „iас". Се ползуат со негоото име, само кога требит да се различит од много друзи л'уг'е подобни на него.
Исто така, iеден народ долго можит да бидит без народно име, ако на близу од него немат друг народ, от коi шчо ке требит тоi да се разликуат со оддел'но народно име. Но тоа народно име, не си измисл'уат народот сам за себе, ами со него го велит саседниiот народ и тоi од него си го земат. Значит наi природно iет народното име за iеден народ да се поiаит у iеден саседен со него народ. Саседните народи iеден кон друг, значит, се iауваат во вид на нунко и кум.
По мисл'ата на проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, словените сет крстени со тоа име од римiаните. Словенцките имиiн'а наi често се свршуаат на — слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др. Словените служиле у римiаните као робои и гладиатори, а у тиiе робои и гладиатори наi много се повторуало збор от „слав", затоа тоi збор зафатил да означуат, од iедна страна, чоек, шчо работит наi тешките работи, т. е. роб, а пошчо наi многу робои се земало от словените, то од друга страна, словените биле крстени од римiаните со името slavi, коiе они си го позаiмиiа од ниф и го препраиiа на слов-ѣн-и, т.е словени. Тоа крстеiн'е на нашите предедовци стана ушче, кога они одваi влезоа во сносуаiн'е со по културните романцки народи. Со тоа име ке се наречеше некоi от словените, ако требеше да различит себе од некоi романец или