Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/12

Оваа страница е потврдена.
2
 

оти англиiцката и френцката стредиземни флоти добили повел'а, да се наог'аат блиско до македонцките води. Пак от тамо телеграфируат, оти воiната мег'у Бугарцко и Турцко iет неизбежна. От Софиiа телгерафируат, оти тамошниiо военен министер зел од офицери на разни европеiцки и американцки држаи предложеiн'е да се зачисл'ат они во бугарцката армиiа.

Шчо покажуваат сите овие фактои? Дали покажуваат, оти движеiн'ето достигна своiта цел'а? Дали можат раководците на движеiн'ето да се пофал'ат со успеф? Дали принесените жртви за ослободуаiн'е не сет напразно?

Можит да бидит, некоi, а можит и мнозина измег'у нас, кiе речат, оти ушче iет рано да се судит за резултатот на возстааiн'ето. Главната работа на комитето и четите iет напред. До сега можит не iет исполнена, ни полоината, ни четвртината от сет план, изработен од комитето и главниiо му шчаб.

Да. Секоаш, по секоiе прашаiн'е iет имало разни возгледи. Така ке бидит и во дадениiо случаi.

Іас од моiа страна ке си позвол'ам, со чистосрдечно прискрбиiе да видам во сегашното движеiн'е полно фиiаско. Сите тиiа дополнуаiн'а, коiи шчо ке се придаат до понапредниiо руско-австриiцки проект од реформи, не само не чинат 100,000 обездомени души, 3-5,000 чоечки жртви и полно обескуражуаiн'е на жителството во Македониiа, ами не чинеа и 100 чоечки жртви. Тиiа приложеiн'а ке се добиiеа и без капка крв.

По резултатите, кои шчо ке се добиiат од сегашното востааiн'е, последното ке можит да се наречит iедно од наiголемите, ако не и наiголема нестрекiа за нашиiо народ.

Не iет рано да се предвидат разултатите и краiо на нашето востааiн'е. Тиiа можеа да се предвидат ушче пред зафатоко негов.