Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/111

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
101
 

речат тиiе, па и сега iе немат. Во Македониiа секога iет имало, па и сега имат две словенцки народности: бугари и срби. Значит некакво македонцко словенцко национално возродуаiн'е iет просто празна работа на неколку фантазери, коiи при тоа немаат никакво пон'атиiе за южно-словенцката историiа.

Македониiа, после ке речат нашите противници, не предстауат ни географцко, ни етнографцко, ни историiцко цело. Она не iет никак повлиiала на судбите на саседните народи, а iет била арена на политична и културна борба мег'у разните балканцки народности. Истите расудуаiн'а за нашата таткоина, можит, ке чуiиме и од некои од нашите сонародници - македонцки словени, шчо се викаат бугари, кога ке се исцрпат сите друзи стредства за борба со македонцкото национално обiединуаiн'е. Во Македониiа немат iазик, ами имат много наречиiа различни мег'у себе, но сите стродни со бугарцките наречиiа и со ниф состауваат iедно цело — бугарцкиiот iазик. Друзи од македонцките наречиiа сет по блиски до србцкиiот iазик, ке продолжат своiите возразуаiн'а нашите противници.

Колко и да сет осноател'ни сите приведени возразуаiн'а на нашите противници против обшноста на македонцките словени и принадлежноста нивна кон iедно самостоiно словенцко цело, па ми се чинит, да можат да им се напраат и не по малечки контравозразуаiн'а, от коiи ке се видит, да националното самосознаiн'е и возродуаiн'е на македонцките словени iет нешчо многу обично и разбирливо.

На првото забележуаiн'е на нашите противници, оти никога немало македонцка словенцка народност, можит много просто да им се одгоорит: шчо немало по напред, можит да се сторит по доцкан, стига да се имаат различни историiцки прилики со своiи оддел'ни бараiн'а.