Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/108

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
98
 

пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол'ните од втората до востааiн'ето беа поеке. По востаiн'ето броiот на недоол'ните од iобите пропаганди ке се израмнит со увеличааiн'ето на недоол'ните од бугарцката пропаганда. Но и да не бидит тоа, iедна србцка пропаганда iет доста да создаит превосходна почва на ноото течеiн'е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течеiн'е: органите на пропагандата ке сочувствуваат таiно, а не платените срби ке исповедуваат своiата македонцка народност iавно.

Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуаiне ке се признаат за словени. Сега тиiе не го праат тоа, оти требит да се вел'ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своiа страна за обiединуаiн'е во iедно национално цело, но ни iеден от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на своiата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното обiединуаiн'е на македонците можит да станит само со компромис мег'у ниф а не со капитулираiн'е на iедните пред друзите. А тоi компромис и iет ноото национално македонцко течеiн'е.

Оттука iет iасно, оти, ако ноото течеiн'е и не добиiет некаква поддржка од многоброiната интелегентна македонцка колониiа во Бугариiа, пак ке се развиiат, само ке се развиiат веке како течеiн'е напраено специално против бугарцките интереси во Македониiа. При големото развитiе на ноото течеiн'е и при силниiот отпор од Бугариiа можит да се очекуат за него поддржка от страна на Србиiа. Колку и да се покажуат оно не арно и опасно за Србиiа, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србиiа iет важно, Македониiа, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. Іеднаш