После, националниiот сепаратизм ке имат место и у л'уг'е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теориiата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако iедна Канада можит да се срдит на Англиiа за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.- Американцките Соiединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англиiа и сама да си бранит своiите државни интереси, зашчо по арно си ѝ разбирала; — то зашчо Македониiа да се не срдит на Бугариiа за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македониiа да не речит: iас проливав крв од моiи синои, нека бранат моiите интереси они сами, а не твоi Начович, Цоков, Станчев и С-iе.
Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуаiн'е кон рол'ата на Бугариiа во Македониiа, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол'ата на Русиiа во бугарцкото ослободуаiн'е. Последните се боiеа од iедна „С.-Стефанцка Бугариiа", зашчо мислеа, оти Русиiа ке си iа присвоiит. Исто така, малите држаи мисл'ат сега, оти Бугариiа сакат да се ослободит Македониiа, за да си iа присвоiит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугариiа рог'ат таквиiе л'уг'е, као покоiниiот Стамболов и живиiот Свирчо, се успокоiиiа и зедоа да праат против вол'ата на Русиiа тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се наiдат ли и каi нас л'уг'е, коiи ке разберат, оти доверiето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но коiи ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русиiа, ами во Бугариiа? Поеке iет од за веруаiн'е, оти ке се наiдат и таквиiе. И тиiе ке бидат краiните сепаратисти.