на бугарите, ни во полза на србите, а во полза на оддел'на македонцка народност. Она воспита цело поколеiн'е македонци, коiи имаа, имаат и ке имаат наi решител'но значеiн'е во ноата историiа на Македониiа. Србцките воспитаници играат важна рол'а во македонцкото прашаiн'е без да се обрак'ат внимаiн'е на тоа, али они работат под бугарцка, србцка или македонцка фирма, као и без разлика, али сет они во морален однос л'уг'е високи или не. Србцки воспитаници имат от сите тиiе категориiи, и во сите ниф се покажуат србцкото влиiаiн'е благодатно за Македониiа. Србцките воспитаници, шчо работеа под бугарцка фирма, создадоа и поткрепиiа македонцката револ'уциiа; на ниф се должит и политическиiот сепаратизм. Националниiот сепаратизм се должит на србцки воспитаници идеалисти, шчо работаат под србска маска, а во душата своiа се признаваат за македонци; србцките воспитаници, со своiеето образуаiн'е во Србиiа, се образуваа во национален дух, наместо во национален индеферентизм во Бугариiа, и ако некоiи од ниф сецело не престанаа да се вел'ат бугари, но мег'у ниф и македонците со чисто бугарцко образуаiн'е и самите бугари се отвори iедна голема пропаст: они со своiето образуаiн'е станаа на стредината мег'у бугарите и србите, т. е., велеiки се по традициiа бугари, они престанаа во душата своiа да сет такви: они станаа македонци. Наi после наi долните, наi отчаiаните органи на србцката пропаганда, родом Македонци, пак сет полезни за Македониiа: од ниф се образуат клас од недоол'ни со србцката пропаганда, за коiи шчо немат пат кон бугарите; они ке уголемуваат класот од националните сепаратисти.
Значит, ако ниiе се лажиме во претположеiн'ето, оти националниiот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организациiагга и македонцката интелегентна колониiа во Бугариiа, то, и во таков случаi, доста iет iедна