Page:Бели мугри-Кочо Рацин.pdf/7

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.

Селска мака

Покрај ниви, покрај лаки,
покрај снискине брегови,
вода тече — вода влече
селски слзи, селски маки
селски таги и јадови.

Извор вода извираше
плодно поле наливаше —
полодно поле род народи.

Ноће чума ли одеше
плод от поле ли береше —
амбар селски пуст остана!

Слнце светло ми светеше
гора ми се зеленеше —
в гора пиле песна пее.

Камен ли му в гради легна
стија ли го в коси стегна —
срце селско — векот тажно!

Кој ја сипе, кој ја роси
таја слана што покоси
по нивјето пшениците
по лозјето гроздовите?
Та се житце не зелени
та се грозје не румени,
та от пуста селска мака
аир нема дур от века?

— 5 —