Page:Бели мугри-Кочо Рацин.pdf/14

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.


И кога сите минеа
покрај врбата стушена —
делии се запираа
незнаен брат си викаа:

„Ја стани, море, јабанец
на оро со самовили!
Зора се зори — петлите
скоро ке в село пропеат!“

А тој от гробот тепкаше
дума врз дума чемерна: —
„Минете браћа, врвете,
не сум ви лика — прилика!

Кој умерел за татковина
и за човечки правдини —
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.

Вие му песна пеете,
вие го с песна жалите —
така се сите рађате
и така си умирате!

А тука — зошто паднаф ја?
зошто ме куршум прониза,
зошто ме земја притисна —
за кого лудо загинаф?

— 12 —