Што си поминав и се прелагав
- Што си поминав и се прелагав [х2]
- покрај трите најубавите
- лични како црвен трендафил. [х2]
- Трите на порти седеа
- личните сестри убави
- китки трендафил носеа
- китки трендафил в' пазуви,
- а најмалата носеше
- китка трендафил, на гради.
- А најмалата најубавата [х2]
- со китка фрли по мене
- со китка црвен трендафил. [х2]
- Китка трендафил ѝ зедов
- и знак за љубов ѝ дадов,
- со нога што ѝ потропнав
- со око што ѝ намигнав. [х2]