Што ми е мерак полјак да бидам

Што ми е мерак полјак да бидам,
мори Божано,
полјак да бидам на ваш'та нива,
мори девојко.
На ваш'та нива, нива голема,
мори Божано,
ти да ја жнееш, јас да те гледам,
мори девојко.
Што ми е мерак полјак да бидам,
мори Божано,
полјак да бидам на ваш'то лозје,
мори девојко.
На ваш'то лозје, на бело грозје,
мори Божано,
ти да го береш, јас да те гледам,
мори девојко.

Поврзано

уреди