Што да правам, што да чинам

Голем мерак мила мајко
скоро јас ќе умрам
два мерака два севдаха
скоро одат во гроба.
Што да правам што да чинам
кога е лоша мајка ми
не ми дава да заљубам
од личните ергени.
Кандисуј бре лудо младо
што ти дава мајка ми
мама дава, лудо младо
триста лири жолтици.
Кандисуј бре лудо младо
што ти дава татко ми
тате дава лудо младо
една бавча црници.
Немој Ратке, немој душо
голем мерак да фрлаш,
два мерака, два севдаха
скоро одат во гроба.

Поврзано уреди