Чула баба разбрала

Чула баба разбрала
да се мажат бабите,
да се мажат бабите
бабите за ергени.
Зеде баба две стомни
та ми појде на вода,
на студено кладенче
там' си најде ергенче.
Добро утро бабо ле.
Дал бог добро либе ле [х2]
до вечера мој да си.
Еј мори бабо грбава,
имаш ќерка убава.
Ајде бабо дај ми ја
ќе те дарвам шамија.

Поврзано

уреди