Чудно момче, било нашето овчарче

„Чудно момче,било нашето овчарче “

од Македонско народно творештво
пеел Перо Акетовски од село Говрлево Скопско 1959 година. Македонски народни песни


Чудно момче,било нашето овчарче,
нашето овчарче,нашето чобанче.
Не знае си оно,нозе да обуе,
Знае си оно гајда да надуе.
Лиду,лиду,лиду,лиду,лиду.(2 пати)

Чудно момче,било нашето овчарче,
нашето овчарче,нашето чобанче.
Цел ден да го гледаш,да не се нагледаш,
Везден да го слушаш,да се не наслушаш.
Лиду,лиду,лиду,лиду,лиду.(2 пати).[1]


Наводи

уреди
  1. Соборски народни песни, стр.115 Васил Хаџиманов 1964 год.