- Чудила се мила мама:
- - Кому да те дадам?
- Да те дадам за даскалче?
- - Јас даскалче нејќум.
- Даскалче е како просјак,
- од село на село.
- Џангара, мангара, манга, данга
- од село на село.
- Чудила се мила мама,
- кому да ме дават?
- Да ме дават за рибарче,
- јас рибарче нејќум.
- Рибарче е како мачка,
- од риба на риба.
- Џангара, мангара, манга, данга
- од риба на риба.
- Чудила се мила мама,
- кому да ме дава?
- Да ме дава за мајсторче,
- јас мајсторче нејќум.
- Мајсторче е како петел,
- од греда на греда.
- Џангара, мангара, манга, данга
- од греда на греда.
- Чудила се мила мама,
- кому да ме дава?
- Да ме дава за чалгаџи,
- јас чалгаџи сакам.
- Тој ќе свирит, јас ќе играм
- ќе се погодиме.
- Џангара, мангара, манга, данга
- ќе се погодиме.
- Чудила се мила мама,
- кому да ме дава?
- Да ме дава за фурнаџи,
- и него го сакам.
- Тој ќе печит, јас ќе јадам
- ќе се погодиме.
- Џангара, мангара, манга, данга
- ќе се погодиме.