Четврта книга Мојсеева/ 32 глава

31 глава Четврта книга Мојсеева
32 глава
од Мојсеј
33 глава


  1 Рувимовите синови и Гадовите синови имаа мошне многу добиток. И согледаа дека Јазирската Земја и Галадската Земја се погодни за сточарство.
  2 Затоа Гадовците и Рувимовците дојдоа при Мојсеја, при свештеникот Елеазар и при управителите на општеството, па рекоа:
  3 „Атарот, Девон, Јазир, Нимра, Есевон, Елеалиј, Севам, Нево и Веон -
  4 земја што Господ ја порази пред Израелевото општество - е земја погодна за сточарство; а твоите слуги се занимаваат со сточарство.
  5 Ако најдовме благонаклоност во твоите очи - продолжија - овој крај нека им биде даден во владеење на твоите слуги; не нè преведувај преку Јордан!”
  6 Мојсеј им одговори на Гадовите синови и на Рувимовите синови: „Вашите браќа ќе одат во војна, а вие да останете тука?
  7 Зошто ги одвраќате срцата на Израелевите синови од преминот во земјата, која им ја даде Господ?
  8 Така постапија и вашите татковци кога ги испратив во Кадис-Варни за да ја извидат земјата.
  9 Тие се искачија до долината Есхол, ја видоа земјата и ги обесхрабрија срцата на Израелевите синови, за да не влезат во земјата, која Господ им ја даде.
10 Во тој ден Господ пламна со гнев. Се заколна и рече:
11 ‘Луѓето кои излегоа од Египет, од дваесет години или нагоре, зашто не Ме следеа верно, никогаш нема да ја видат земјата што им ја ветив под заклетва на Авраама, Исака и Јакова!’
12 Господа единствено Го следеа верно: Кенезецот Халев, синот Ефониев и Навиновиот син Исус.
13 Господ пламна со гнев на Израелевите синови па ги водеше низ пустината четириесет години, сè додека не изумре сето поколение што постапи зло во очите на Господа.
14 А сега вие - грешно поколение - станувате место вашите татковци, за да го зголемите уште повеќе јаросниот гнев на Господа против Израел.
15 Ако се одвратите од Него, Тој ќе го продолжи вашиот престој во пустината и вие ќе го погубите сиот овој народ.”
16 Тогаш тие се доближија кон него и рекоа: „Ние ќе подигнеме тука огради за нашиот добиток и градови за нашите деца,
17 а самите ќе го грабнеме оружјето и ќе тргнеме на чело на Израелевите синови додека не ги доведеме до нивното место, а нашите деца нека останат во утврдените градови, заради жителите на земјава.
18 Ние нема да се вратиме во нашите домови сè додека секој Израелец не го заземе своето наследство.
19 Нема да земаме дел од недвижните имоти од онаа страна на Јордан ниту подалеку, зашто нашето наследство ни припадна од оваа страна, на исток од Јордан.”
20 Мојсеј им рече: „Ако направите така, ако тргнете во бој пред Господа;
21 ако вие сите вооружени пребродите преку Јордан пред Господа додека Тој не ги растера пред Себе сите Свои непријатели,
22 тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.
23 Но ако не направите така, ќе согрешите против Господа, и знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев.
24 И така, соѕидајте градови за вашите деца и огради за вашиот добиток, но направите што ветивте.”
25 Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.
26 Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,
27 а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”
28 И Мојсеј им даде повелба за нив на свештеникот Елеазар, на Навиновиот син Исус и на главатарите на семејствата на израелевите племиња.
29 И Мојсеј им рече: „Ако Гадовите синови и Рувимовите синови, сите оние кои носат оружје, пребродат со вас преку Јордан за да војуваат пред Господа, и ако земјата ви биде покорена вам, тогаш дајте им ја Галадската Земја во сопственост.
30 Ама ако не поминат вооружени со вас, нека добијат наследство меѓу вас во Ханаанската Земја.”
31 Гадовците и Рувимовците одговорија на тоа: „Што им рече Господ на твоите слуги, така ќе направиме.
32 Ние ќе отидеме вооружени пред Господа во Ханаанската Земја, но недвижниот имот на нашето наследство нека ни биде од оваа страна на Јордан.”
33 И така Мојсеј ним - на Гадовите синови, на Рувимовите синови и на половината од Манасиј, племето на синот Јосифов - им ги даде: царството на аморејскиот цар Сион и царството на васанскиот цар Ог; земјата со градовите во нивните меѓи, градовите на соседната земја.
34 Гадовите синови ги изградија: Девон, Атарот и Ароир,
35 Атрот-Софан, Јазир, Јогвеј,
36 Вет-Нимра и Вет-Аран, утврдени градови и огради за стадата.
37 Рувимовите синови ги изградија: Есевон, Елеалиј, Киријатаим,
38 Нево, Валмеон - на кои им ги изменија имињата - и Сивма. И им дадоа имиња на градовите што ги изградија.
39 Синовите на Махир, синот Манасиев, отидоа во Галад и го освоија, и ги протераа Аморејците кои беа таму.
40 Мојсеј му го предаде Галад на Манасиевиот син Махир и тој се насели во него.
41 А Манасиевиот син Јаир отиде па ги зазеде нивните села и ги нарече „Јаирови Села.”
42 Потоа Новах отиде и ги зазеде Кенат и неговите подрачја, па го нарече со своето име Новах.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse