Четврта книга Мојсеева/ 2 глава
1 глава | Четврта книга Мојсеева 2 глава од Мојсеј |
3 глава |
1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2 „Израелците нека ги оптегнуваат своите шатори секој при своето знаме, под знаците на својот татковски дом; нека ги поставуваат околу Шаторот на средбата, но малку подалеку.
3 Однапред, на источната страна, знамето на Јудиниот логор, по нивните чети. Главатар на Јудините потомци е Насон, синот Аминадавов.
4 Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шест стотини избројани.
5 Исахаровото племе нека ги постави шаторите до него. Началник на Исахаровите потомци е Натанаил, синот Согаров.
6 Неговата војска брои педесет и четири илјади и четири стотини запишани.
7 Натаму Завулоновото племе. Началник на Завулоновите потомци е Елијав, синот Хелонов.
8 Неговото воинство брои педесет и седум илјади и четири стотини запишани.
9 По нивните чети, сите запишани во Јудиниот логор се сто осумдесет и шест илјади и четири стотини. Тие нека тргнуваат први!
10 На југ е знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Главатар на Рувимовите потомци е Елисур, синот Седнуров.
11 Неговата војска брои четириесет и шест илјади и пет стотини запишани.
12 До него нека ги оптегнува шаторите Симеоновото племе. Началник на Симеоновите потомци е Саламил, синот Сурисадаев.
13 Неговата војска брои педесет и девет илјади и три стотини запишани.
14 Потоа Гадовото племе. Началник на Гадовите потомци е Елисаф, синот Рагуилов.
15 Неговото воинство брои четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет запишани.
16 По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!
17 Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме.
18 На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов.
19 Неговата војска брои четириесет илјади и пет стотини запишани.
20 До него е Манасиевото племе. Главатар на Манасиевите потомци е Гамалиил, синот Федасуров.
21 Неговата војска брои триесет и две илјади и двеста избројани.
22 Потоа Венијаминовото колено. Главатар на Венијаминовите потомци е Авидан, синот Гадеониев.
23 Неговата војска брои триесет и пет илјади и четири стотини избројани.
24 По нивните чети, сите избројани во Ефремовиот логор се сто и осум илјади и сто. Тие нека тргнуваат трети!
25 На север, знамето на Дановиот логор, по нивните чети. Главатар на Дановите потомци е Ахиезер, синот Амисадаев.
26 Неговата војска брои шеесет и две илјади и седум стотини.
27 До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов.
28 Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани.
29 Потоа Нефталимовото племе. Началник на Нефталимовите потомци е Ахиреј, синот Енанов.
30 Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани.
31 Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.”
32 Тоа се избројаните Израелци според татковските домови. Сите избројани во логорите, по нивните чети, се шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.
33 Левитите не беа избројани со Израелците, како што Господ му нареди на Мојсеја.
34 Израелевите синови направија сè како што Господ му нареди на Мојсеја. Така ги поставуваа логорите при своите знамиња и така одеа, секој по својот род и по своите семејства.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse