Четврта книга Мојсеева/ 27 глава
26 глава | Четврта книга Мојсеева 27 глава од Мојсеј |
28 глава |
1 Тогаш пристапија ќерките на Салпад, синот Оферов, син Галадов, син Махиров, син Манасиев, од родот на Јосифовиот син Манасиј. А имињата на ќерките беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.
2 Тие застанаа пред Мојсеја, пред свештеникот Елеазар, пред главатарите и пред сето општество при влезот во Шаторот на средбата па рекоа:
3 „Нашиот татко умре во пустината. Не и припаѓаше на дружината што се побуни против Господа на Кореевата дружина - туку умре заради својот сопствен грев. Немаше синови.
4 Зошто да исчезне името на нашиот татко од неговиот род? Бидејќи немаше син, дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!”
5 Мојсеј го изнесе нивното дело пред Господа.
6 А Господ му рече на Мојсеја:
7 „Салпадовите ќерки зборуваат право. Секако треба да им дадеш недвижен имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко.
8 Натаму, кажи им на Израелевите синови: ‘Кога ќе умре некој човек а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка.
9 Ако нема ни ќерка, предајте го наследството на неговите браќа.
10 Ако нема ни браќа, предајте го неговото наследство на браќата на неговиот татко.
11 Ако татко му нема браќа, дајте му го неговото наследство на најблискиот роднина од неговиот род: нека ја земе тој во сопственост. Тоа нека им биде законска одредба на Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеја.”
12 Господ му рече на Мојсеја:
13 „Искачи се на онаа гора - Аварим и разгледај ја земјата што им ја давам на Израелевите синови. А кога ќе ја разгледаш, ќе им се придружиш и ти на своите предци, како што им се придружи и твојот брат Арон.
14 Зашто при побуната на општеството во пустината Цин и се спротививте на Мојата уста, место да ја покажете, со водата, Мојата светост во нивните очи.” (Тоа се водите на Мерива кај Кадис во пустината Цин).
15 А Мојсеј Му проговори на Господа вака:
16 „Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,
17 кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”
18 „Земи го Исуса, синот Навинов!” - Господ му рече на Мојсеја. „Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него!
19 Тогаш одведи го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, па дај му наредба пред нивните очи!
20 Предај му дел од твојата власт, за да го слуша целото општество на Израелевите синови.
21 И нека му се обратува на свештеникот Елеазар и нека го праша него за одлуките, со посредство на Урим пред Господа. На негова заповед нека излегуваат и на негова заповед нека влегуваат: тој и сите Израелеви синови со него, и целото општество.”
22 Мојсеј направи како што Господ му заповеда: го зеде Исуса па го постави пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница.
23 Потоа ги положи своите раце на него и му ги даде заповедите, како што Господ заповеда преку Мојсеја.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse