Черешна се од корен корнеше
- Черешна се од корен корнеше,
- мома се од мајка делеше.
- Проштевај мајко, проштевај,
- проштевајте мили роднини.
- Досега сум мајка слушала,
- отсега ќе слушам свекрва.
- Отсега ќе слушам свекрва,
- свекрва, свекор, јатрва.
- Свекрва, свекор, јатрва,
- и најмалото ни деверче.