Цветините очи черешови

Цветините очи черешови
сношти ги видов расплакани.
Цветано моме убаво
што си ми Цвете нажалено?
Дали ти е мајка умрела
или е болен татко ти,
или те тебе посвршија
за тоа либе што несакаш?
Ниту ми е мајка умрела
ниту е болен татко ми,
либето војник ми замина
во таа града Битола.
Од него писмо јас немам
зато сум толку нажалена,
зато сум толку нажалена
нажалена расплакана.

Поврзано

уреди