Филка мома моле Бога
Филка мома моле Бога
- Филка мома моле Бога
- да ја сторе едно пиле
- да прелета ширно море
- да си иде ју Солуна
- Да си иде ју Солуна
- Уф чаршија на сергија,
- да си купе астухрина
- да и’ шие антерија
- Да и’ шие антерија
- д’лга д’лга ем широка
- да се вее до земјата
- да ја гале калдрмата
- И ка ќ’ онде на орото
- на орото леле кукушкото
- дек што играт сал ергени
- сал ергени Кукушани
- Да ја видат ергените
- ергените Кукушките
- да запукат комшиите
- комшиите душманите
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |