Слобода или смрт (1898)/ Уште ли?

Уште ли?

од Атанас Раздолов
Објавена во 1897 г.

Уште ли, робу, ти ќе очекуваш
Слобода да ти дарат царовите?
Уште ли мислиш да коленичиш,
Поради милост пред злосторите?

Уште ли Абдул Хамид ќе ги владее
Волјата твоја и животот твој?
До кога тој ли ѕвер ќе беснее,
До кога стопан ќе биде твој?

Уште ли, робу, ти ќе си робуваш?
Глеј колку прекрасна е природата!
Уште ли нема ти да разбереш
Како се добива слободата.

Зар тебе ропството не ти дотежна?
Тој живот скотски ти што го живееш!
Нели ти, робу, стана омразен?
До кога мислиш така да црнееш?

Но, доста, робу, в ропство си стоел!
Слобода скапа барај со сила,
Слобода, каква што тука на земјата
До денес не се извишила!

За неа жртви се потребни, робу,
Таа, слободата, не се пека
Со темјан, свеќи, ниту со молитви -
Таа во борба се дочекува!

Но, напред, робу, во борба напред!
Со меч и оган, со бомби, пушки,
Да му ја скршиме главата на големион
Убавец Хамид, - да го срушиме!