Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969)
Социјалистичка Република Македонија
Назив | Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X | ||
---|---|---|---|
Година | 1969 | ||
Службен весник | Службен весник на СРМ 4/69 | ||
Изгласан | 31 јануари 1969 | ||
Објавен | 3 февруари 1969 | ||
Законодавен орган | Собрание на Социјалистичка Република Македонија | ||
Правен статус | вон сила
| ||
Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите. |
Член 1
На сите пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на сите одборници на собранијата на општините им престанува мандатот со денот на верификацијата на мандатите на пратениците односно одборниците што ќе бидат избрани на изборите во април 1969 година.
Член 2
Пратениците и одборниците избрани во април 1967 година, а кои непосредно пред тоа биле четири години членови на соодветните собранија, можат повторно да бидат избрани за пратеници односно одборници на изборите што ќе се одржат во април 1969 година.