Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија (2005)


Република Македонија

Назив Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија
Година 2005
Службен весник Службен весник на РМ 107/05
Изгласан 7 декември 2005
Објавен 9 декември 2005
Законодавен орган Собрание на Република Македонија
Правен статус   ДаД во сила
Изменува/дополнува Устав на Република Македонија
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија

Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија
уреди

Член 1

        Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија се применуваат од денот на прогласувањето од Собранирто на Република Македонија, ако за примената на некои одредби од Амандманите со овој уставен закон поинаку не е определено.

Член 2

        Најдоцна до 30 јуни 2006 ќе се донесат:
        - Законот за Судски совет на Република Македонија;
        - Законот за судовите и
        - Законот за прекршоците.

Член 3

        Најдоцна во рок од девет месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се донесат:
        - Законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство и
        - Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија.
        Најдоцна во рок од 18 месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат законите врз основа на кои орган на државната управа или организација и друг орган, што врши јавни овластувања, можат да изрекуваат санкции за сторен прекршок.

Член 4

        До влегување во сила на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија, изборот и разрешувањето на судиите ќе се врши согласно Законот за судови (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1995, 45/1995 и 64/2003) и Законот за Републичкиот судски совет (“Службен весник на Република Македонија” број 80/1992, 50/1999 и 43/2003).

Член 5

        До усоглосувањето на Законот за јавното обвинителство со амандманите XXIV и XXX јавните обвинители ќе се избираат согласно Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија” број 38/2004).

Член 6

        До усоглосувањето на Законот за Владата на Република Македонија со Амандманот XXIII, за имонитетот на претседателот и министрите ќе се одлучува согласно Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 59/2000, 12/2003 и 55/2005).

Член 7

        Овој уставен закон за спроведување на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставните амандмани.