Урва Фанка, урва Фанка по полето,
урва Фанка, ој леле, по полето,
да собери, да собери црно грозје,
да собере, оф леле, црно грозје,
црно грозје, црно грозје лисечина,
црно грозје, ој леле, лисечина.
Ми ја фати, ми ја фати падарчето,
ми ја фати, ој леле, падарчето:
- Таксај Фанке, таксај Фанке што ќе таксаш,
таксај Фанке, ој леле, што ќе таксаш.
- Таксана е, таксана е пендолира,
таксана е, ој леле, пендолира.
- Не ти сакам, не ти сакам пендолира,
не ти сакам, ој леле, пендолира,
тук' ти сакам, тук' ти сакам бело лице,
тук' ти сакам, ој леле, црни очи!

Поврзано

уреди