Уплав
„Уплав“ од Блаже Конески |
- Светка, зимски, мраз по улиците.
- Снегот од кровови обвиснува
- во мразулци. А што ни смислува
- ќе кажат допрва капавиците.
- Маглата гризе до утробата.
- Ни мрзнат белите дробови.
- Не стега в пранги, како робови,
- зимскиот уплав и прокобата.