Унгарскиот војвода Арпад ги напаѓа Македонците

Според анонимен хроничар во 896 година се бележи следниот опис за нападот на унгарскиот војвода Арпад:

(Унгарските војсководци) се вратија кај Арпад и уште пратија пратеници да им даде дозвола да одат во Грција за да ја потчинат цела Македонија, од Дунав до Црното Море. (Арпад им дозволил) да одат во Грција и да ја освојат земјата.

Отакако поминаа неколку дена, Зуард и Кадузе со сета своја војска ја препловија водата на Дунав и ја зазедоа тврдината Берон. Потоа отидоа кај тврдината Сердика. Слушајќи го ова, граѓаните Бугари и Македонци[1], многу се исплашија од нивниот изглед. Тогаш сите жители на оваа земја испратија пратеници со многу дарови за да им ја потчинат земјата и да ги дадат своите синови како заложници.

Наводи

уреди
  • Anonymi (P.Magistri)Cesta Hungarorum, Scriptores rerum Hungaricarum tempore ducem regumque scriptis Arpadianae Gestarum. Vol. 1 (Edendo operi praefuit E. Szentpetery), Budapestini 1937, p. 91, 92.

Белешки

уреди
  1. Тука авторот прави јасна разлика во етничка смисла помеѓу Македонците и Бугарите.