Турчин ми кара
- Турчин ми кара, клета робиња,
- Боса ја кара по љута слана,
- силно ја бие по бело лице
- По бело лице по рамна снага,
- Тја му се моли, пусни ме аго
- Пусни ме аго дома да ида,
- дома да ида дете да вида.
- Остила го сам самичко в љуљка
- самичко в љуљка в празна кашча.
- Турчин си бие клета робиња,
- не дава дома да иде,
- дома да иде дете да види
- Робиња плаче, плаче нарежда,
- Прости ми синко Стојане,
- че те тебе клета оставих,
- в баштини двори без башта
- в мајчини постели без маќа
- Кога синко пораснеш,
- кога ти руба заприлега,
- земи си пушка бердана
- пушката синко, сабјата,
- мене синко нема да врнеш,
- сестра ти Стојане
- на Турчин не давај
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |
Надворешна врска
уредиПоврзано
уредиЗабелешка
уреди- Оваа песна е од Банско, Пиринска Македонија.