Трба трби Гевгелија
- Трба трби Гевгелија
- сите Турци надавија х2
- од јунака Леонида.
- Цар испратил до три војски
- до три војски сè ти разби.
- Прва војска Гевгелиска
- втора војска е Дорјанска х2
- трета војска е Струмичка,
- ќе го барат Леонида,
- Леонида баш комита.
- Го бараја во Богданско
- го најдоја во Ѓавочко х2
- во Ѓавочко во Ѓурѓов Дол,
- јунак лежи в постилата,
- срце му е динамита х2
- враце држи револвера
- бој започна од сабајле
- од сабајле дур до вечер,
- триста души убиени,
- а ранети не броени.
- Проговара Јуз-башија
- еј јунаку Леонида
- предај ми се ти на мене
- да те видам кај Султанот
- тој да види каков јунак
- ќе ти даде многу пари.
- Одговара Леонида,
- слушај мене Јуз-башијо
- елај ваму понаваму
- да ти кажам два три збора х2
- два три збора Македонски.
- Голем страм е за комита
- жив да падне в турски раце
- таква правда турска правда
- три илјади на три мина
- останаа два патрона
- еден за теб втори за мен.
- Си извади револвера
- па го стрела Јуз-башија х2
- и на крајот сам се убил.
- Живот даде Леонида
- за Македонија мила.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |