Тодоро сестро, Тодоро, дојди на оро

„ Тодоро сестро, Тодоро, дојди на оро “

од Македонско народно творештво
од с.Пирава-Гевгелиско, пеела Цвета Стефкова (1956 година), Соборски народни песни ,Македонски народни песни


-Тодоро сестро,Тодоро,мори,
Тодоро дојди на оро.

-Еј,мори,верни другачки,џанам,
Та и јас сакам да дојдам.

-Облечи,Тодоро,црно елече,
И алавајкар кошула.
Забради,Тодоро,жуто кавраче,
Тодоро,дојди на оро.[1]


Наводи уреди

  1. /files/books/Соборски народни песни“],Васил Хаџиманов стр.14 Скопје август 19464год Издавач:Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.