Тешка беше нашата разделба
- Збогум мила дојде време
- Јас од тебе да се разделам
- Јас пак беден роден сум без к'смет
- Се со мака тага голема.
- Тешка беше нашата разделба
- Кога тргнав од твојот роден крај
- Мојте солзи патот го топеја
- По патот за непознат крај.
- Дојдов тука како јабанџија
- Далеку од својот роден крај
- Срце плаче нигде среќа нема
- Тежок гурбет тага голема.
- Ако бог да и ја са да се вратам
- Тебе Стојне да те прегрнам
- Да ти кажам мојте маки
- Мојте маки таги големи.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |