Та ти ле се најде бабо

Та ти ле се најде, бабо, од толкаво село,
зелник да ми месиш, бабо, со шчукави раце.
Кафе да ми вариш, бабо, с гурелави очи,
кога ти ќе тураш, бабо, па не ми е благо.
Комшии кажуват, бабо, арна мома имаш,
Искарај децата, бабо, доведи момата.
Доведи момата, бабо, затвори вратата,
сол и леб да јадам, бабо, пак слатко ќе ми е.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Блог за македонски народни песни

Музика