Таму ле мајко близу Битола
- Таму ле мајко, близу Битола,
- во ореовската густа корија,
- Таки Даскалот смело загина
- со неговата верна дружина,
- со нив загина смела девојка,
- млада Елпида Карамандова.
- Предадени од клети шпиуни,
- ги сардисаа од сите страни,
- пушки згрмеа, бомби трештеа,
- крвава почна борба нерамна.
- Тогај извика Таки Даскалот
- на неговата верна дружина:
- - Фрлајте бомби, тиран сотрете,
- живи во рака не се давајте.
- Клети тирани во борба нерамна
- сета дружина му ја убија,
- Таки Даскалот жив не се даде,
- откачи бомба, над неа легна,
- самиот крвта си ја пролеа,
- за слободата на Македонија.