Сум се родил мераклија
Сум се родил мераклија мераклија баш бекрија.
Сум се родил мераклија
на виното, ем ракија.
Сум се родил мераклија
на виното, ем ракија.
Ко ќе умрам ил загинам
во визбата ставете ме,
со ракија измијте ме,
а со вино напијте ме.
Со ракија измијте ме,
а со вино напијте ме.
Погреб да ми направите,
нека бувнат тапаните.
Нека бувнат тапаните,
тапаните ем зурлите.
Нека бувнат тапаните,
тапаните ем зурлите.
Да ме вие закопате
во лозјето под сливите.
Штом се родив мераклија,
на виното ем ракија.
Штом умирам мераклија,
на виното ем ракија