Судбо моја, судбо ти проклета,
што грев стори, ти што ме запусти?
Мојта младост ти ми ја поцрне,
либе имав, оно ме остави.
Што бре судбо јазе ти направив,
цел век судбо болка ми остави?

Дојде време с' либе се разделив,
солзи ронам и со душа зборам.
Зошто либе мене ме остави,
се љубевме време три години?
Срце болно за тебе изгубив,
лоша дума јазе не ти реков.

Субдо моја, судбо ти проклета,
зошто судбо мене ме проколна?
Јас останав сирак без родбина,
немам судбо кој да ме превира.
Далеку во пустиња ќе идам,
кај што судбо сонце не огрева.

Поврзано

уреди