Стојанка млада партизанка
Стојанка млада партизанка
- Последниот час веќе наближил,
- се кинат, дробат темни облаци,
- зора се зори, сонце изгрева,
- в чета се берат одбор јунаци.
- Селата пиштат, јачат горите:
- „Ој, судбо, судбо клета проклета
- што не раздели од најмилите.“
- Само Стојанка брата не жали,
- не рони солзи проклетна,
- не колне судба, судба страдна;
- облече срма руба комитска,
- нарами пушка, сабја запаша.
- Тргна Стојанка брата да втаса
- и неговата дружина.
- „Горо ле горо, горо зелена,
- шумо бујата, криеш ли брата
- со храбра чета, верна дружина,
- со црвен барјак в борба прославен?“
- „Стојано, Стојанке, млада партизнке,
- на мила брата лика прилика,
- мила ти брата добро познавал.
- Кога се борба силна водеше
- со проклет душман, клети фашисти,
- тој падна Стојне, падна јуначки
- и славно знаме тој не усрами…“
- Не плаче Стојанка, лице не грди.
- Срцето и е машко, јуначко;
- Извика песна на глас комитска,
- гора ја слуша, лисја треперат:
- „Ако во борба брате загина,
- предвреме ако младост изгуби,
- лесна да ти е, брате земјата;
- ти имаш сестра да те замени:
- нема да фрлам руба јуначка,
- нема да оставам пушка убојна
- Македонија дури е робиња,
- дури ја грабат клети душмани.