Стилските фигури,се познати и како изразни средства,авторите ги употребуваат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбатаСо нив творбата стилски се обработува и ја прави попривлечна за читателот -Епитет(Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е стилска фигура, или повеќе придавки придодадени кон именката. Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот. Има повеќе видови на епитети. Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани) -анафора(Анафора е фигура на повторувањето, којашто опфаќа повторување на еден збор или израз на почетокот на два или повеќе последователни стиха) -епифора(Епифора е гласовна фигура и претставува повторување на зборови на крајот на стихот) -ономатопеја(Стилските фигури,познати и како изразни средства,авторите ги користат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбата. Ономатопеја (од грчките зборови:onoma-име и poneo-прави,создава) е стилско изразно средство со кое се поддржуваат одредени звуци од природата,животински гласови или некои звуци што не потсетуваат на некој предмет.Ономатопејата значи имитирање.На овој начин се создава емоционална атмосфера преку која читателот ќе може да долови одредени звуци од природата. Ономатопејата е мост(врска)меѓу природата и уметничкото дело.Со неа се постигнуваат музикалноста и сликовитоста на јазикот на кој е создадена творбата) -метафора(Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг) -алегорија(Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа, но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со одредени карактеристики) -симбол(Симбол е знак. Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната алегориска ознака. На пр.: крст – значи црква; вага – правдина итн) -песонификација(Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини) -хипербола(Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став) -парадокс(Парадокс е она што е неочекувано. Порекнуваме некоја мисла која наизглед во себе е противречна или спротивна на општото мислење. Парадоксот има секогаш подлабока смисла) -иронија(Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме)

-литота(Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување. Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен)

веб-сајт за македонски јазик

http://makedonskijazik.mk/2009/10/%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8.html


изравотил Бојан Велјаноски---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------