Стар Свети Петар уф заднани леже
- Стар Свети Петар уф заднани леже
- уф зандани леже, нокти си реже,
- нокти си реже, пиле си ране.
- Јади ми јади, ти милно пиле,
- јас ки та пушкам на ден Петровден,
- ти да ми донциш три класа жито.
- Јас да разберам кога е лето,
- кога е лето, лето пролето.
- Јади ми јади, ти милно пиле,
- јас ки та пушкам да долната земја,
- на ден Крстовден, на ден Крстовден.
- Ти да ми донциш три зрна грозде,
- јас да пузнаја кога е есен, есен проесен.
Поврзано
уредиЗабелешка
уреди- Оваа песна е од Воденско.