Спрема се Младен, спрема се


Спрема се Младен, спрема се,
младо аскерче да оди,
девет години да служи,
во таја града Битола.

Татко му пари броеше,
мајка му руба спремаше,
браќа му коњче ковеја,
либе му китка даваше,
тихо му дума думаше.

Младене, либе Младене,
китка в' пазува да чуваш,
кога ќе китка овене,
јас ќе се либе посвршам.
Јас ќе се либе посвршам,
за црна земја робинка.

Поврзано

уреди