Современ живот Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
нема
Обіавено во списанието Вардар на 1 септември 1905 во Одеса.
Словенството
Русиіа

Во Русиіа станаіе две важни собитіа, коіи не ќе задоцнат да се отразат на развиваін’ето и усил’уваін’ето на русќиіот народ, то сет: 1, даруваін’ето от Царот на рускиіот народ конституциіа, по коіа ќе имат народни избраници, преко коіи рускиіот цар ќе ѝ изслушуват нуждите на своіо народ, и 2, свршуваін’ето на воіната со Іапониіа и закл’учуваін’ето на руско-іапонцќи мирен договор во град Портсмут, Северно-Американцќите Соіединени Држави. Портсмутсќиіот догоор іет убаво стретен во Русиіа, зашчо со него се свршуват крвопролитната долговремена борба и русиіот народ пак ќе се приіемит за мирниіот рид – іедеін’о залог на преуспеваін’ето на свекоі народ. Но тоі договор имат особен значаі, као покажувач на силата на Русиіа. Ова држава зафати іедна воіна, против вол’ата своіа, со іедна држава од околу 15000 километра далека од Іевропеіцка Русиіа. Іапониіа со години се готвила за воінава, беше блиска од боіното поле и имаше морцќи пąт за праіќаін’е воіска, амунициіа и провиіант, а Русиіа, осем шчо беше на 12000 километра далеку од боіното, осем шчо не беше приготвена за воіна, требече света своіа воіска и воорąжеін’е и провиіант да ѝ праікат во Манджуриіа по іеден железен пąт. Се разбират, оти свите шансови за успев беа и на суша и на море на страна на іапонците. И вистина іапонците во света воіна одржаіе цел ред воіени успеіи. Но Портсмутскиіов мир покажуват, оти при све тоа Русиіа си остават голема и силна воена држава, коіа никоі пąт нема да допушчит мир, несогласен со неіното величіе и неіната државна чест. И на висина по Портсмутцкиіот мир іапонците зедоа од русите само іужниіот дел от Сахалин, коішчо пред 25 години беше бил іапонцки. Но Русиіа не даде нито іедна пара контрибуциіа! Со Портсмутцкиіо мир требит да останит доволно заіедно со рускиіо народ и свето словенство, зашчо тоі сочува чест и достоіунството на Русиіа, толку драгоцени за свето словенство.

Поврзано