Списание „Вардар“/ Изникнуваін'ето и разбор на бугарцката и српцка теориіи за народноста на маќедонците

Патник Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
Список на села од іужна Маќедониіа
Обіавено во списанието Вардар на 1 септември 1905 во Одеса. Иако на крај пишува дека статијата продолжува во следниот број, тој никогаш не излегол во печат.
Тиіе, шчо сет по глąбоко запознати со маќедонцкото прашаін’е, іедваі ли се сомневаіет, оти наі важна негова страна іет – та за народноста на маќедонците. Зато ниіе, без да укажуваме на важноста на последното, ќе поминеме право кон разгледуваін’ето на сąшчествуіушчите теориіи за народноста на маќедонците и нивното изникнуваін’е, а после ќе бидит направени некои и друзи забелешки за нивната научна безпочвеност.

Наінапред ќе одбележиме, оти свеопшч интерес доби прашаін’ето за народноста на маќедонците, кога се запитаіе, чиіа твебит да бидит Маќедониіа, и се претполагаше одговоро: на тоі народ, шчо іе насел’ават; тогаі се постави прашаін’ето: каков народ главно насел’ват Маќедониіа, или от каква народност іет главното населеін’е на Маќедониіа – маќедонците? Однесуваін’ето на Маќедониіа по С.Стефанцќиіо договор кон Бугариіа покажуват, прашаін’ето за народноста на маќедонците да беше до тогаі решено во корист на бугарите: науката и пąтниците от свите іевропеіцќи страни, шчо пąтувале по Маќедониіа, ѝ изваѓаіе маќедонците – бугари. Зато и дипломатиіата во С.Стефано іе даде Маќедониіа на Бугариіа. Но во Берлин расипаіе то, шчо беше направено во С. Стефано: Маќедониіа беше одделена од Бугариіа и врната на Турцко. Исто така и Источна Румелиіа беше одделена од С.Стефанцка Бугариіа во оддел’на автономна провинциіа, а некоіи делови на прв на прзната беа дадени на Србиіа. Се разбират, оти за време от С.Стефанцќиіо договор до Берлинцќиіо конгрес никакви преврати во науката за іужните словени не бидоа; но зато и допломатиіата се рąководила со нешчо, кога іе раздробила С.Стефанцка Бугариіа на неколку делови и іе оставила Маќедониіа под Турцко. Ниіе, маќедонците знаіме отшчо ни прикажувале нашите татковци и друзи, по стари од нас, родници, оти грцќите владици, кога биле руските воіски во 1878 година под Стамбул, собирале по селата селцќи печати на книѓи, во коіи се велело, оти на маќедонците им іет убаво под Турцко, оти они не го сакаіет Московот, и не сакаіет да сет со Бугариіа. Со таіа намевра грците покажаіе на іевропеіцќите дипломати, оти во Маќедониіа они имаіет силно влиіаін’е и големи интереси, и оти мąчно се определ’уват меѓата меѓу грцќи и словенцќи интереси во Маќедониіа, зашчо тамо имат голем дел словени, шчо признаваіет патриіархиіата, и со то сет под грчко влиіаін’е, признаваіќи се за грци. Против преіимушчествени бугарцќи интереси во Maќедониіа, осем грците станаіе и србитем на коіи ушче до Берлинцќиіо конгрес им беше посоветувано да покажат своіото недовол’ство от С.Стефанцќиіо договор. Србите, отшчо загубиіе надеж да добиіат Босна и Ерцеговина, по туѓи совети и со туѓа дипломацка поддршка заіавиіа, оти и они имаіет, заіедно со бугарите и грците, своіи нациіонални интереси во Маќедониіа. Осем то во Маќедониіа турцќиіо іелемент беше много силен, а руски воіски во неіа немаше. По свите тиіе причини и по некоіи друзи во Берлин Маќедониіа беше одделена от С.Стефанцка Бугариіа и оставена под Тирцко. Дипломатите, оддел’уваіќи іе Маќедониіа од Бугариіа, барем на вид постапуваіе од името на правината, а имено, се застąпиіа, ѓоа, за грцќите и српцќи интереси. Пререшуваін’ето на маќедонцкото прашаін’е во Берлин іет интересно меѓу друго и во следни односи: 1, тоі покажа големата важност на прашаін’ето за народноста на маќедонците при решаваін’ето на македонцкото прашаін’е; 2, прашаін’ето за народноста на маќедонците беше главниіо мотив, при коішчо решеін’ата на конгресо имаіе вид не на производ, но на маќедонците наіеднаш, нечекано се обрна во прашаін’ето от првостепена и свеопшча, не само научна, но и политична важност; 3, грцќите и српќите протести против госпотствуваін’ето на бугарцки интереси во Маќедониіа имаіет особен значаі за то, шчо, бріеіќи за грци или срби тиіе, шчо до тогаі се броіеа од іевропеіците за бугари, поставиіе на дневен ред важното прашаін’е за народноста на маќедонцкиіо іелемент во Маќедониіа. И така, до С.-Стефанцќиіо договор госпотствуваше іедна теориіа за народноста на маќедонците, а та іет, да сет македонците бугари. К’е іе наречиме та теориіа – бугарцка. Ако грцќите тврдеін’а, да биле и да сет маќедонците по корен потомци на старите маќедонци од Александрово време, ами само си заборавиле іазико и се оварвариле – ословениле, се приіемат за оддел’но учеін’е, то ќе имаме втора или грцка теориіа. Грцката теориіа немат под себе никакво тврдо земіишче и од научен глед не заслужуват никакво внимаін’е. Та іет по нова од бугарцката теориіа и се поіави, кога последната стана особено опасна за грцќите апетити на Маќедониіа. Іедновремено со грцката теориіа виде свет и треќа или спрцката теориіа, но коіа маќедонците биле и сет срби. Откако се искл’учи грцката теориіа, као іавно фантастична, остануват две сериіозни теориіи за народноста на маќедонците, то сет: бугарцката и српцката. К’е ѝ разгледаме тиіе две теориіи по одблизу: прво, нивното изникнуваін’е, а после нивниіо научен значаі. К’е заватиме од бугарцката, као по стара и по распространена теориіа. Као шчо рековме, до С. Стефанцќиіо договор во науката имаше место само бугарцката теориіа за народноста на маќедонците. Та се создаде овака. Во 1815 година се оддели от Турцко Србиіа. От словенцќите страни оснаіе под Турцко на Балканцкиіо полуостров: Босна и Ерцеговина, Бугариіа, Траќиіа и Маќедониіа. Босна и Ерцеговина само со тесма меѓа се соіединуваіе со северна Маќедониіа, кąде арнаутите од година на година све повеќе и повеќе се настануваіе на местото на словените, и со тоа све повеке и повеке іе оддел’уваіе Ерцеговина от северна Маќедониіа. На таков начин, судбите на іужните словени, коіи и до тогаі не беа іеднакви, во заватоко на XIX век се распаднаіе на две: северо-западните балканцќи словени, осем босно-ерцеговинците, се наідоіе или под Австро-Маджарцко или составуваіе слободни државици; іуго-источните пак и босно-ерцеговинците останаіе под Турцко. По ослободуваін’ето на Србиіа се разбуди нациіоналното самосознаваін’е и меѓу свите словени, шчо останаіе ушче под Турцко, но при тоа, тиіе се разделиіа на две групи: северо-западна или босно-ерцеговинцка, коіа сли своіите интереси со друзите северозападни – слободните и Австро-Маджарцќи – словени и іужно-источна или маќедоно-бугарцка. Пошчо Босна и Ерцеговина беа обиколени от свите страни, осем ид іуго-исток, со слободни рисіанцќи ротствени страни, а од Маќедониіа и друзите іуго-источни словенцќи страни во Турцко со арнаути, то не можеше да се развиіет опшчп нациіонално самосознаваін’е меѓу босно-ерцеговинци од іедна и маќедонци и бугари од друга страна. Г’еографцќиіо положаі на Босна и Ерцеговина од іедна страна, и Маќедониіа, Бугариіа и Траќиіа од друга, и стечеін’ето на историіцќите условиіа во времето на пробудуваін’ето на нациіоналното самосознаваін’е меѓу іужните словени сет доста за обіаснуваін’е меѓу іужните словени во Турцко, па и ако се остават на страна друзи, не по малу важни, причини, као та, шчо историіата на Босна и Ерцегоина готово сосвем не се дочепкат со историіата на Маќедониіа и друзите по источни словенцќи страни. Друго беа односите меѓу Бугариіа и Маќедониіа. Тиіа две страни имаіет іедна многу долга меѓа, коіа преставуват много удобни пąтишча за трговцко и политично соопшчуваін’е. Двете страни не претставуваіе от себе краіишча на Турцко, а беа стредини и за тоа во нив односите меѓу турци и рисіани беа исти, как во іедната, така и во другата страна. Така и во црковен однос беа словените во Бугариіа во истиіо положаі со словените од Маќедониіа. Турците беа господари на бугарите и маќедонците во политичен и іекономен, грците пак во дуовен однос. Ако се прибиват и то, да опиширните и удобни гривици меѓу Бугариіа и Маќедониіа свекога содеіствувала на потесни односи меѓу тиіе две страни до турцкото завоіуваін’е на Балканцќиіо полуостров, то лесно ќе можит да се разбирит, зашчо по разбудените л’уѓе од Бугариіа и Маќедониіа нąтре во Турцко и во туѓина работале по іедна иста програма и преследувале исти цели за препородуваін’е на народот во дуовен однос, за одврл’уваін’ето на турцќиіо – политичен и грцќиіо – дуовен іарем. Во времето на нациіоналното разбудуваін’е на бугарите и маќедонците ставаіе ушче три важни фактови, шчо способствуваіе на утврдуваін’ето на бугарцката теориіа за народноста на маќедонците; то сет: 1, реформата на правописно и литерарурниіо іазик кąі србите; 2, разработуваін’ето на прашаін’ето за татковината на старо-словенцќиіо іазик – іазик на преводите на св. св. Кирил и Меродиіа, во врска со развиваін’ето на изучуваін’ето на словенството; 3, пąтуваін’а по Балканцќиіо полуостров до последната руско-турцка воіна орчаст со наични цели, отсаст за запознаваін’е со возродуваін’ето на словенството, коіе се претписуваше на рабптеін’ето на панславистите, от коіи мнозина се беспокиіе во Іевропа. Реформата на Вук Караджиќ имаше голем значаі не само за србите, но и за маќедонцкото прашаін’е. Српцќиіо литературен іазик до Вук беше брканица от старо-словенцќи, српцќи и русќи іелементи. От српцќите особености во него господствуваіе тиіе на источно-српцќите говори, шчо се доближуваіет до маќедонцќите. Старо-словенцќите и источно-српцќите іелементи на српцќіо литературен іазик до Караджиќ беа много удобни да го направат него опшќ за свите іужни словени, особено за србите и маќедонците. Но Виковата реформа іе расипа таіа возможност. Вук воведе фонетичен правипис. Во основа на литературниіо іазик се кладе не источно-српцкото наречіе од денешна стредна, источна или іужна Србиіа, или от така вел’анана Стара-Србиіа (Маќедониіа зад Шар-планина до Ново-Пазарцќиіо санджак), ами іужното или иіекавцко наречіе од Босна, Ерцеговина и денешна западна Србиіа. Со таіа реформа правилно и нормално спцко, достоіно да бидит воведено во литературно употребуваін’е, се признаваіе само особините од іужно-српцкото (иіекавцкото) наречіе. Источно-српцкото веќе содржаше отклонуваін’а во страна на бугарцќиіо іазик, а западно-српцкото или икавцкото – откловаін’а во страна на хрвацќиіо іазик. Говорите на источна Србиіа веќе се признаваіе за бугарцќи. Свите словенцќи страни во Турцко, осем Стара-Србиіа, Босна и Ерцеговина, се признаваіе за бугарцќи. Маќедониіа за Вук Караджиќ беше страна бугарцка. Тоі беше собирал обрасци на устна народна литература од Маќедониіа, коіи ѝ беше напечатал во неговиіо «Додатак к С. Петербургским рјечницима свију језика», као бугарцќи. И така, Вуковата реформа кладе іедна стена меѓу србите и маќедонците: но таіа реформа излезе, оти последните во очите на србите и во своіи очи сет срби. Реформата на Караджиќ има ушче и друг значаі. Во времето на таіа реформа се беше разбудил помеѓу словените, особено западните и источните, голем итенес кон нивната народност, народна литература, старата писменост и народната историіа. Со таіа цел’ се собираіе народни песни, народни приказни и стари рąкописи. Наичуваін’ето на народната старина и собираін’ето стари рąкописи ѝ доведе словенцќите учени до изучуваін’ето на старо-словенцќиіо іазик и неговата историіа. Тува се поіави и прашаін’ето за литературното работеін’е на св. св. Кирил и Методиіа и за преведените од нив книѓи: кога, кąде и колку книѓи сет преведени од нив? За да се решит прашаін’ето, кąде іет направен преводот на наі старите книѓи словенцќи, и на чиі іазик се развивала наі старата словенцка литература, или прашаін’ето за татковината на старо-словенцќиіо іазик, беше потребно изучуваін’ето на живите словенцќи іазици. Вуковата реформа и тува послужи на бугарцката теориіа за народноста на маќедонците. Фонетичниіо правопис заіедно со иіекавшчината во основа на српцќиіо литературен іазик беа доста, за да се одбележит лесно, коіи іужно-словенцки наречіа и говори сет српцќи и коіи не сет. Свите не српцќи іужно-словенцќи наречіа и говори от стредниіо и источниіо дел на Балканцќиіо полуостров беа крстени со іедно име – бугарцќи іазик. Само првите словенцќи учени, коіи не ѝ знаеіа тиіе наречіа и броіо на словените, шчо зборуваіе на нив, го нарекоіе бугарцќиіо іазик наречіе на српцќиіо. Така по Добровцки излегуваше, оти старо-словенцќиіо іазик іет српцко наречіе от Солунцко. Но веќе Востоков, на основа на употребуваін’ето на носовите гласни во старо-словецќите и стредно-бугарцќите рąкописи и на нивната замена во српцќиіо и русќиіо іазици и во писмените паметници от тиіе іазици: Ѫ со У и Ѧ со Е во првиіо и Я во вториіо, доіде до закл’учок, оти Ѫ и Ѧ биле одделни носовни гласни, шчо одговарале на пол’цките Ą и Ę и се произносувале као носови: О и Е. Таіа особеност не іет ни руска ни српцка, значит и свите паметници со правилно или неправилно употребуваін’е на носовите гласни звукови сет само по стари и по позадни од іеден исти іужно-словенцки іазик, а то іет бугарцќиіо. Неіќет зборови, оти Вуковата реформа ѝ направи по убедител’ни соображеін’ата на Востоков. По Востоков, татковината на старо-словенцќиіо іазик іет Солунцко и солунцќите словени излегоіе, по него, бугари. И така, редом со реформата на српцќиіо литературен іазик, важен признак за изучуваін’ето на іужно-словенцката іетнографиіа стана судбата на носовите гласни во рąкописните паметници и во іужно-словенцќите наречіа, на коіа придаваіе словенцќите учени и ушче придаваіет голем значаі. За іедна од наі характерните особности на српцќиіо іазик се броіит замената на Ѫ од наі старо време само со У. Сąшчествуваін’ето на носовиіо глас Ѫ и свите друзи негови замени, осем со У, сет доста, за да бидат іедно наречіе или іеден рąкопис искл’учени от српцќиіо іазик и да бидат признаіени за не-српцќи. По тоіа мерило свите маќедонцќи наречіа и говори беа не-српцќи, значит, беа признаіени за бугарцќи. Така погледнаіе на работата и друзи слависти по Востоков, као: Копитар, Моклошиќ, Шафарик и по ними готово свите слависти до сега.Првите дваіица не беа согласни со мнеін’ето на Добровцки, да іет бугарцќиіо іазик наречіе от српцќиіо и да іет, значит, старо-словенцќиіо іазик – српцќи.Но тиіе не беа согласни и со мнеін’ето на Востоков, да іет старо-словенцќиіо іазик – старо-бугарцќи. На место тиіе две теориіи за татковината на старо-словенцќиіо іазик, тиіе издиіа треќа, по коіа тоі іет старо-панонцќи или старо-словинцќи. За да докажит своіата мисл’а, тиіе изучуваіе живите словенќи іазици, и во нив бараіе іелементите на старо-словенцќиіо. От свите нови іужно-словенцќи іазици за наі оддалечен от старо-словенцќиіо во фонетичен однос го наідоіе српцќиіо іазик; по блиски от последниіо до старо-словенцќиіо іазик, беа признаіени бугарцќите наречіа и словинцќиіо іазик, со таіа разлика шчо последниіо іет по близок и во морфолоѓичен однос. На таква основа се правеше закл’учок, оти некога словинците и бугарцќите словени составувале іеден народ, но биле разделени со втргнуваін’ето на србо-хрватите помеѓу ним. Бугарцќиіо и словинцќиіо іазик биле само наречіа, шчо произлезле от старо-словенцќиіот іазик. Св. св. Кирил и Методиіа направиле преводот на светите книѓи во Панониіа и зато іазико на наі старите старо-словенцќи книѓи требит да се броіит за панонцќи или старо-словинцќи. Панонцката теориіа на Копитар и Миклошиќ сега іет веќе оставена од учените, но она за своіото обоснозуваін’е послужи као важен мотив за изучуваін’ето на живите іужно-словенцќи іазици и наречіа. А това изучуваін’е приведе одбележуваін’ето на големо родство меѓу бугарцќите и маќедонцките наречіа. Се окажа, оти и маќедонцќите и бугарцќите наречіа не само се разликуваіет сил’но от српцќиіо іазик, не само не го заменуваіет Ѫ со У, но изгубиле многи форми от склонеін’ето и спрегуваін’ето и употребуваіет граматичен член. По свите тиіе особености маќедонцќите и бугарцќите наречіа образуваіет іедна іазична териториіа, іедна опшча група, одлична не само от српцќиіо, но и от свите друзи словенцќи іазици. Та група беше крстена – бугарцќи іазик. И така, во науката се создаде мнеін’е да сет маќедонците по іазик и народност бугари. Наоѓаін’ето многоброіни старо-словенцќи и стредно-бугарцќи рąкописи во Маќедониіа ушче повеќе поткрепи бугарцката теориіа за народноста на маќедонците. Многоброіноста от стари рąкописи се обіаснуваше као доказател’ство на долговременото госпотство на бугарцко културно влиіаін’е во Маќедониіа, коіо би могло да ѝ побугарит маќедонците, ако тиіе и да не биле од іеден народ со бугарцќите словени во време на пресел’уваін’ето своіо на Балканцќиіо полуостров. По тоі пąтсоставените закл’учоци за современата іужно-словенцка іетнографиіа беа пренесени и на историіцката іетнографиіа. Така Шафарик и друзите историци, зборуваіќи за историіата на іужните словени, за бугарцќи словени ѝ броіат свите ониіе словенцќи племиін’а, от коіи се образува подоцкан бугарцќиіо народ. И така, историците ѝ соіединуваіе судбите на Маќедониіа со судбите на Бугариіа од старо време. Исто така и во културно-историіцки однос готово іеднакво се приплетуваіе судбите на Бугариіа и Маќедониіа: Маќедониіа іе владеале бугарцќи царови, царовите и народот во Маќедониіа се викале бугари, во Маќедониіа госпотствувале бугарцка редакциіа на старо-словенцкиіо іазик и много друго. На таков начин, развиіаін’ето на словенознаіството се сопроводуваше со развиваін’ето на сознаваін’е нужда од дружно работеін’е от свите словени за достигнуваін’е опшчословенцќи нациіонално-политични цели. Тоа двожеін’е іет познато под името «панславизм». Панславизмот поддржуваше, повеќе морално, стремежите на поробените словени да го свал’ат политичниіо и дуовен іарем. Успешната броба на разбуденото іужно словенство за народни и човечќи правини се приписуваше од западно-іевропеіците на работеін’ето на панславистите и обрна на себе гледно на цела Іевропа. Мнозина іевропеіци го искрстосаіе Іевропеіцко Турцко за да се запознаіат со положеін’ето на рисіните и со работеін’ето на агентите на панслабизмо. Свите тиіе пąтници-иследувачи во іеден глас рекоіе, да сет маќедонците – бугари и со тоа, мнеін’ето, шчо госпотствуваше до тогаі во словенцката наука, беше широко попил’аризувано по цела Іевропа. Така се создаде бугарцката теориіа за народноста на маќедонците и владеіа во науката и опшчественото мнеін’е без конкуренциіа до С. Стефанцќиіо договор. Но течеін’ето на историіата му извади на неіа два нови конкурента во лицето на грцката и српцката теориіи, от коіи последната со своіите серіозни возразуваін’а іе потклати од основа.

(Продолжеін’е во следниіо броі)

Видете исто така