Франце Прешерен/ Сонетен венец

„Сонетен венец“

од Франце Прешерен
Sonetni venec


I
Нов, за Словенецот, поетот венец плете,
тој сплет е од петнаесет сонети,
та „магистралот“ на крај што ќе се срети
складностите на сите нив ги сплете.

Од него извира, во него пак е, ете,
во секој сонет стих од него чети;
и секој краен стих, стих првен ќе ти вети
на сонет нов. Поетот таков сплет е.

Сал една љубов мислите ги рои,
кај да е потем потем тие ноќ да спале,
се будат, зората штом плисне лачи свои.

На мнојот живот ти си магистрале
што мене за о смртта ми го дале;
ал-спомен е на рани мои, на фалби твои.

II

Ал-спомен е на рани мои, на фалби твои
што на Словенецот се гласи во час заден,
штом мов ми нарасне гробот ладен
и стивнат еднаш сите болки мои,

Па, сека мома начулено што стои
со слух, за мојте песни гладен,
од срца низа окови ќе даде
за да ги цени појќе сите чувства свои.

За Крањецот дни посветли ќе бидат,
над сводот ѕвезда нова тој ќе брои,
ќе екнат звуците на песна идна.

Но, можеби и песната ќе остане да стои,
бидејќи, таа поезија свидна
јас знам, од срце ’ркулците ги двои.

III

Јас знам, од срцето ’ркулците ги двои,
ко болката што гори во сека пора;
сум слилен на поетот, кој Ленора
Естијанка, ја опеал со фалби свои.

И макар молк врз усниве да стои,
ја смрачи љубов мојта прва зора;
за надежта немајќи ниту два-три збора
во песни јас ги реков сите тајни мои.

И нема желбата разгорена да стивне,
па, ако сум безнадежник, без поглед ветен;
од уплав јазикот во уста ни да живне.

Горчината во срцето што гнете
со сите тајни ќе ги рече, вивне
умилното поетско, росно цвете.

IV

Умилното поетско, росно цвете
го сочи тоа в гради што се свива -
ми стана срцето лаг зелен, плодна нива,
кај љубовта елегии си плете.

Ти сонце си му. Туку што ме смете
та не те најдов лачу, желбо жива
в театар, - дали судбата е крива -
па, ни на танц, на шедба, каде сиот свет е!

Поначесто низ град со копнеж шетам
за те видам , но ти си поштук, ете,
па, попусто се мачам да те сретам.

В самотија сум расплакан ко дете,
и венецов што в твоја чест го плетам
лист не разви во кат кај сонцето на свет е.

....................................................................

VI

Исчекувајќи везден повеј да ги пои,
од тебе, драга, бездруго ќе мора
да релам: не чув ниту два-три збора
во пофалба на тие песни мои.

што трпнеа од оние Слоенки, кои
ко тебе, љубеа на германски да зборат.
бидејќи Парнас мој е сека наша гора,
да не би презир ваш над нив да стои.

Домашните пак музи забрава ги зали,
тагуваат осамени, еџ кутри мои,
та Крањецот сал туѓото го фали.

Но, цветов што в поезија се брои,
што уште в гори снежен здив го гали,
јадовите, сред неми спили стои.

VII

Јадовите сред неми спили стои,
без глас, без моќ, ко в она време, кога
при Хем и Родоп Тракијците до нога
Орфеј ги срази со песна, како воин.

Ех, кај се, Боже, милостите твои,
на Крањ синовите ти да ги видиш тогаш,
и со нив сите Словенци, во слога,
со наш Орфеј и многу песни свои.

Да ни ги стори срцата за домот грижни,
размирите за миг сал да ги смете
и сите Словенци кон единство да ги движи.

Сред таа сласт што песните ги плете,
да стивне спорот, оти зора ближи
а виор лут родината ја гнете!

VIII

А виор лут родината ја гнете
од кога, Само, твојот дух го снема
и твојот гроб забравата го зема
од твојте внуци, да го корне ветер.

Татковци ни во кавги чмаат, ете,
од кога Пипин слобода ни зема,
од тогаш, пак, без буна ни година нема;
при Витовец, при секој турски метеж.

Но, времето на среќа, слава, мина.
За вредни дела малку кој ли знае.
И гласот сладок на песните згина.

Па, сето што се сочува, што трае,
на Парнас наш што развива, јас чинам
пригушено во воздишки и солзи чмае.

IX

Пригушено во воздишки и солзи чмае
од мојот Парнас, ова цвете мало,
што врели солзи од љубовта ти збрало
и за родината на таи љубов знае.

Сè мислам како Словенецот да е
кон мајка си во својта љубов јалов
и твоето пак срце ни трошка не ѝ дало
на душава ветување, та надеж да ја сјае.

Се родија во мене желби тајни:
со твојто име моево се сплело
се гласат песни домашни и знајни,

Словенците се впрегнале на дело,
кон среќата, кон дбите идни, сјајни...
Разјадено од болки е, та затоа и свело.

....................................................................


....................................................................


XII

Молченката ќе венее ли време цело
и слабечко и ретко ќе се свива -
крај ѕидот урнат запустено ќе бива,
но, сепак, в лас ќе никне, тоа свело.

на кого жарка коприва му суши тело,
и го пригушува во корен треба дива;
го пресади ли некој в цветна нива
веселнички ќе крене тогаш чело.

Крај тебе така немаше да свене,
на твојто сонце лачот да ја сјаел
о, кралице, знај, сека песка в мене.

Ти ако сакаш цветево да трае
и глаа развеселено да крене,
испрати му со поглед лачи, па ќе знае!

....................................................................

XIV

Цвет нов порадосно да никне и да треа,
ко секој цвет што мине зима луда
и пролетта ги сипе својте чуда
низ поле, како волшебница да е,

и пчелите ги викне зракот сјаен,
и овчар подрани на вршка руда,
и в сладок пој славеите се будат...
Ек, радост, радост! Кој број ќе ѝ знае!

Знам дека не сум, дека не сум среќен!
Страв дека песниве се здодевни, о, дете,
во себе кријам, долго, долго, веќе.

Дај нека твоја милост бар ги чете
сал песниве од кои како цвете
нов, за Словенецот, поетот венец плете.

Магистрал

Нов, за Совенецот, поетот венец плете,
Ал-спомен е на рани, мој, на фалби твои.
Јас знам, од срцето 'ркулците ги двои
Умилното поетско, росно цвете.

Лист не разви во кат, кај сонцето на свет е,
Искачувајќи везден повеј да го пои,
Јадовито, сред неми спили стои
А виор лут родината ја гнете.

Пригушено во воздишки и солзи чмае,
Разјадено до болки е, та затоа и свело
И време зло од силите му зело.

Молченката ќе внесе ли време цело!
Испрати му со поглед лачи, па ќе знае
Цвет нов порадосно да никне и да трае.

--- Франце Прешерен

Наводи

  • Гане Тодоровски, Примери од литературата, Скопје, 1993.

Надворешни врски