Собрале се млади партизани
- Собрале се млади партизани,
- собрале се на Китка Планина,
- собрале се на Китка Планина.
- Формирале Дванаеста Бригада,
- другар Бузо командант им беше,
- другар Бузо командант им беше.
- — Слушајте ме, браќа партизани,
- да појдеме горе на врв Водно,
- да појдеме горе на врв Водно.
- И од таму борба да водиме,
- да ослободиме поробено Скопје,
- да ослободиме поробено Скопје.
- Па ми почна борба да се води,
- ослободива поробено Скопје,
- ослободива поробено Скопје.