Сношти со поминав покрај ваш’то порте


Сношти си поминав
покрај ваш'то порте
тебе не те најдов Стевке
на порти да стоиш.

На порти да стоиш
мене да ме чекаш, [х2]
мене да ме чекаш Стевке
оти војник ќ' одам.

Цвеќе да набереш
букет да наредиш, [х2]
букет да наредиш Стевке
мене да испратиш.

Поврзано

уреди