Сношти сакав да ти дојдам
Сношти сакав да ти дојдам [х2]
на таа слатка вечера,
на тоа вино црвено,
лудо младо бре.
Сношти сакав да ти дојдам [х2]
ситна роса зароси,
силно ветре подувна,
не можев да дојдам.
Каков јунак ти ќе бидеш [х2]
од роса да се уплашиш,
кај мене да не дојдеш,
а бре будало.