Сношти поминав покрај битолските касарни

Сношти поминав заминав
покрај битолските касарни
бен сени северам, чок сени северам
покрај битолските касарни.

Сите момчиња там' беа
само мојто момче не беше
бен сени северам, чок сени северам
само мојто либе не беше.

Стори ме Боже престори
едно сиво голабче
бен сени северам, чок сени северам
едно сиво голабче.

Да летнам Боже прелетнам
на рамо да му застанам
бен сени северам, чок сени северам
на рамо да му застанам.

На рамо да му застанам
до две-три думи да прозборам
бен сени северам, чок сени северам
до две-три думи да прозборам.

Извор

уреди

Поврзано

уреди