Сл. весник / РМ / 2010 / 67 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)

во сила 1992.12.22 #80, Закон за семејството
во сила 2008.12.22 #xx, Пречистен текст
Со денот на отпочнување на примената на овој закон, престануваат да важат:
вон сила 1973.xx.xx #35, Законот за брак
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за односите на родителите и децата
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за посвојувањето
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за старателство
вон сила 1978.xx.xx #13, Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови


Член 1


Во Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија” број 80/92, 9/96, 38/2004, 33/2006 и 84/2008), во членот 27 став 1 по зборот “брак” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината што тој ќе го определи”.

Член 2


Во членот 29 став 3 по зборот “Откако” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.

Во ставот 4 во четвртиот ред по зборот “другари” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.

Во ставот 6 по зборот “другари” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.

Член 3


Во членот 94-з став 2 по зборот “работа” се додава запирка и зборовите: “односно жртвата на семејното насилство”.

Член 4


Во членот 97-а став 1 зборот “пет” се заменува со бројот “15”.

По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:

„Комисијата од ставот 1 на овој член, работи во состав од пет члена кои се избираат на денот на одржувањето на секоја седница по електронски пат од сите членови на Комисијата.”

Ставот 2 кој станува став 3 се менува и гласи:

„Член на Комисијата може да биде лице кое има високо образование и работно искуство од најмалку пет години во областа. “

Во ставот 3 кој станува став 4 точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “кои работното искуство го стекнале во областа“.

Во ставот 4 кој станува став 5 зборот “пет” се заменува со зборот “две”.

Ставот 6 кој станува став 7 се менува и гласи:

„Претседателот на Комисијата се избира од членовите на Комисијата по електронски пат на денот на одржување на секоја седница.”

Ставовите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 стануваат ставови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10.

Член 5


Насловот пред членот 100-а се менува и гласи: "Услови и критериуми за посвојување".

Во членот 100-а по ставот 4 се додаваaт два нови става 5 и 6, кои гласат:

"Изборот на посвоителот ќе зависи од следниве критериуми:

  • здравствена состојба,
  • психосоцијален статус,
  • материјални услови,
  • станбени услови,
  • време на чекање,
  • степен на образование,
  • брачен статус и
  • државјанство.

Поблиските критериуми за избор на посвоител од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот за труд и социјална политика."

Член 6


По членот 101 се додава нов член 101-а, кој гласи:

“Член 101-а Кога детето го посвојува сродник кој не е наведен во членoт 101 од овој закон и кој не живее на територијата на Република Македонија, детето може да биде посвоено до наполнување на 12 години од животот на детето.“

Член 7


Во членот 103 став 4 по зборот “дете” се додаваат зборовите: “кое е”, по зборот “семејство” се додаваат зборовите: “подолго од една година и”, а по зборот “детето” се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.

По ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи: “Центарот за социјална работа, во рокот утврден во став 4 на овој член, е должен на секои два месеца, а најмалку три пати да го повика родителот да ја преземе грижата за детето.”

Ставовите 5 и 6 стануваат ставови 6 и 7.

Член 8


Во членот 104 по ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи:

“Ако лицето од ставот 1 на овој член, сака да посвои дете во странство, согласноста за тоа ја дава Комисијата, по предлог на центарот за социјална работа врз основа на процената за подобноста на посвоителот и за мотивите на посвојувањето, согласно со членовите 104-б и 104-в од овој закон.“

Член 9


Во членот 104-а по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:

„Во случаите кога подносителот на барањето е странски државјанин, Комисијата го определува центарот за социјална работа кој ќе постапува по барањето.”

Ставот 2 станува став 3.

Член 10


Во членот 104-б став 1 зборот “шест” се заменува со зборот “четири”, а зборовите: “една година” се заменуваат со зборовите: “шест месеци”.

По ставот 1 се додаваат три нови става 2, 3 и 4, кои гласат:

„Кога како подносител на барањето се јавува брачниот другар на родителот на детето, периодот на континуирано следење е два месеца.

Кога како подносители на барањето се јавуваат лицата од членовите 100-б и 101-а на овој закон, покрај работите утврдени во ставот 1 на овој член, центарот за социјална работа е должен да ги утврди и причините и оправданоста на ваквото посвојување.

Во случаите од членот 104-а став 3 на овој закон центарот за социјална работа до кого е препратено барањето, врз основа на документите, изготвува наод и мислење на стручниот тим и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоители.”

Член 11


Во членот 104-г став 1 по зборот “тим” се додаваат зборовите: “и поединечните наоди и мислења на стручните работници”, а зборот “предлог” се заменува со зборот “предлогот”.

Член 12


Во членот 104-д став 2 по зборот “посвоители” се додаваат две точки, бројот “20” се заменува со бројот “102”, по зборот “закон “ се става запирка и се додаваат зборовите: “ако подносителот на барањето го повлече барањето, во случај на склучување на брак или престанок на бракот “.

По ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:

“Центарот за социјална работа, во рок од три дена од денот на приемот на решението од став 2 на овој член, врши архивирање на податоците за посвоителот во Програмата за избор на најсоодветен посвоител по електронски пат (во натамошниот текст: Програмата).”

Член 13


Во членот 104-ѓ по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:

“Центарот за социјална работа по запишување на детето во регистарот на можни посвоеници, може да даде согласност старателството за одредено дете да го врши друг центар за социјална работа. Со давање на согласноста престануваат сите права и обврски на центарот за социјална работа кој ја дал согласноста.”

Во ставот 3 кој станува став 4 по зборот “посвоеници” се додаваат две точки, а по зборот “закон” се додава запирка и зборовите: “поради полнолетство”.

По ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи:

“Центарот за социјална работа, во рок од три дена од денот на приемот на работите од ставот 4 на овој член, врши архивирање на податоците за детето во Програмата.”

Член 14


Во членот 104-з по ставот 1 се додаваат четири нови става 2, 3, 4 и 5, кои гласат:

“Центарот за социјална работа во рок од три дена по приемот на работите од ставот 1 на овој член, врши внесување на податоците во Програмата. Податоците внесени во Програмата кои се однесуваат на личното име на посвоителот, согласно со Програмата, при изборот на најсоодветен посвоител од првите пет можни посвоители, се јавуваат како шифра.

Ако настанат промени во условите за засновање на посвојување, подносителот на барањето е должен во рок од седум дена од настанувањето на промената за тоа да го извести центарот за социјална работа со доставување на соодветен доказ.

Центарот за социјална работа по добивање на работите од ставот 3 на овој член, во рок од 24 часа врши внесување на промената во Програмата и веднаш за тоа ја известува Комисијата и и го препраќа оригиналот на документот врз основа на кој е извршена промената.

Внесување на податоци во Програмата вршат службени лица на центарот за социјална работа овластени од лицето кое раководи со центарот за социјална работа и истите одговараат за веродостојноста на внесените податоци.

Внесување на податоци на корисниците на услугите (центри за социјална работа) или нивно архивирање, како и внесување или промени на податоците врз основа на кои се определува материјалната состојба на посвоителот во Програмата го врши администраторот во Министерството за труд и социјална политика и истиот одговара за веродостојноста на внесените податоци.”

Член 15


Членот 104-ѕ се менува и гласи:

“Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот 104-з на овој закон, врши избор на најсоодветен посвоител по електронски пат и ја известува Комисијата за првите пет можни посвоители од листата на Програмата.

По исклучок од ставот 1 на овој член, кога како посвоители се јавуваат лицата од членовите 100-б, 100-в и 101-а на овој закон, центарот за социјална работа е должен до Комисијата да достави предлог за сместување на детето во семејството на можниот посвоител заедно со утврдените причини и оправданоста на ваквото посвојување.

Комисијата по приемот на работите од ставот 1 на овој член врз основа на документите и од податоците во Програмата врши избор на најсоодветен посвоител. Комисијата е обврзана да даде образложение за направениот избор.

Во случаите од ставот 2 на овој член, Комисијата не врши избор на посвоител.

Министерот за труд и социјална политика го пропишува начинот на избор на посвоител по електронски пат.“

Член 16


Во член 104-и во ставот 1 зборовите “копии од списите на можните посвоители и посвоеникот,” се бришат, а по зборот “веднаш” се додава зборот “го”. Во ставот 2 зборовите “податоци за” и “и местото” се бришат, запирката по зборот “детето” се брише и се додаваат зборовите “и податоци”.

Член 17


Во член 106 по ставот 5 се додава нов став 6 кој гласи:

“Ако родителот кој ја дава согласноста детето да биде дадено на посвојување е неписмен, изјавата за согласност ја дава во форма на записник во просториите на центарот за социјална работа и во присуство на стручниот тим на центарот за социјална работа. Изјавата ја потпишуваат родителот кој наместо потпис на писмената изјава ќе го стави отпечатокот на показалецот и членовите на стручниот тим. “

По ставот 6 кој станува став 7, се додава нов став 8 кој гласи:

“Изјавата се запишува во деловодник и се заверува со печат на центарот за социјална работа. “

Член 18


По членот 106 се додава нов член 106-а, кој гласи:

“Член 106-а

Писмената изјава за согласноста од членот 106 на овој закон, треба да содржи податоци за: личното име, датата и место на раѓање, местото и адресата на живеење, националната припадност, единствениот матичен број и бројот на лична карта на родителот или старателот; личното име, дата и место на раѓање на детето и дали детето е родено во брак или вон брак; согласност детето да биде посвоено без да го определи посвоителот (освен кога како посвоител се јавуваат лицата од членовите 100-б и 101-а на овој закон); видот на посвојувањето; причините поради кои се согласува детето да биде посвоено, како и дека е запознаен со сите последици од давањето на изјавата.”

Член 19


Во членот 107 ставови 1 и 2 зборовите: “три месеци” се заменуваат со зборовите: “шест недели”.

Член 20


Во членот 110 став 2 по зборовите: “решението за” се додава зборот “потполно”, зборот “посвојувањето” се заменува со зборот “посвојување”, запирката по зборот “посвоеникот” се заменува со сврзникот “и”, по зборот “детето” се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.

По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:

“Во записникот и во решението за непотполно посвојување се внесуваат податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за презимето на посвоеникот и за неговите наследни права спрема посвоителот.“

Ставот 3 кој станува став 4 се менува и гласи:

“Записникот го потпишуваат службеното лице од центарот за социјална работа кое го застапува детето, родителите на детето, доколку се заснова непотполно посвојување, родителот на детето доколку посвојувањето го прави брачниот другар на родителот на детето, посвоителот, претседателот и службеното лице на Комисијата.“

По ставот 3 кој станува став 4 се додаваат два нови става 5 и 6, кои гласат:

“Решенијата од членовите 104-и и 110 на овој закон ги потпишува претседателот на Комисијата.

По исклучок од ставот 5 на овој член, решенијата од членовите 104-и и 110 на овој закон ги потпишува министерот за труд и социјална политика кога како посвоител се јавува лице кое е странски државјанин.“

Член 21


Во членот 111 став 1 зборот “посвојувањето” се заменува со зборовите: “потполно посвојување“, а зборовите: ”и Комисијата” се бришат.

По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “По засновањето на непотполно посвојување во матичната книга на родените се запишува презимето на детето што спогодбено ќе го определат посвоителите и се забележува дека детето е непотполно посвоено.“

Ставот 2 станува став 3.

Член 22


Во членот 118 став 1 по зборот “Комисијата” се додаваат зборовите: “по предлог на центарот за социјална работа”.

Член 23


Во член 119 по зборот “по” се додаваат зборовите: “предлог на центарот за социјална работа, а врз основа на”.

Член 24


По членот 122 се додава нов член 122-а, кој гласи:

“Член 122-а Комисијата по барање на посвоителите и со согласност на родителите или старателот на детето кое е непотполно посвоено и детето доколку е постаро од 12 години, а по предлог на центарот за социјална работа, може да реши непотполното посвојување да стане потполно.

Непотполното посвојување може да стане потполно само до наполнување на 18 годишна возраст на детето.“

Член 25


Во членот 123 по зборот “престанок” се додаваат зборовите: “или за промена”.

Член 26


Подзаконскиот пропис предвиден во членот 14 од овој закон ќе се донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 27


Постапките за посвојувањето започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите на овој закон.

Член 28


Центарот за социјална работа во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе изврши внесување на податоците во Програмата за сите лица запишани во регистарот на можни посвоители и во регистарот на можни посвоеници.

Член 29


Министерството за труд и социјална политика во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе направи внесување на потребните податоци за започнување со работа на Програмата.

Член 30


Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.