Слобода или смрт (1898)/ Татковина (Атанас Раздолов)

Татковина

од Атанас Раздолов

Очите црни солзи ми леат
Штом ќе го спомнам селото мое -
Градите в копнеж ми богатеат...
До што е видно се прекрасно е!

За првпат таму светот ме плени,
Започна младоста да јакне.
Уште го помнам божествениот -
Од моме свидно првиот бакнеж.

„Черлија“ славна, „Огражден“ чуден
Срцето кпето ми го брануваат;
Оние гори, планини руди,
Спомени стари ми превртуваат!

Сурии овци, недоглед стада,
Низ таа раскош безгрижен пасев,
Чемреев, пеев, бладав и страдав,
Со многу тајни младешки растев.

Не знаев тогаш неправда што е,
Ни што е таговно, што жално!
Немаше крилја срцето мое -
Таму ми беше сè идеално.

Но, така беше за кусо време.
Кон друга страна судбата ме свлече.
Јас веќе вкусив од друго семе
И еве животот што ми рече:

Да бидеш учен, в занес момчешки
Значи да бидеш тиран-злосторец!
Или ќе влечеш окови тешки
Или ќе бидеш народен борец.

Не може робот со роб да се бори
Без на слободата да сети радост;
Та, тој е среќник, и не му пристои
Нему поголемка земна сладост!

Но штом ќе сфати кој е и кај е
И како да се живее чини,
Тогаш да протестира тој ќе знае,
Бидејќи потонал в немаштини!

И ми се случи таква згода:
Вкусив од доброто, го познав злото,
Го видов образот на слободата,
Далеку-далеку од теглилото.

И денес кога кон татковината
Јас ќе си спомнам со надеж да ја видам -
Софија в мрак ми останува, чинам,
И сакам таму пак да бидам!

Ех, колку среќен би се сетел
Да можев сега таму да се вратам,
Во крајот роден - кајшто си бев дете,
Да си ја приспомнам младоста златна!

Туку минатото не воскреснува,
И таму да сум, пак роб ќе бидам,
Времето детско, времето пастирско
Никогаш нема јас пак да го видам!...