Слобода или смрт (1898)/ Слобода (Атанас Раздолов)

Слобода

од Атанас Раздолов
Софија, 10 јули 1901 година. Во затворот на Петтата полициска станица.

Низ оганот на бунтот што се здаде,
Низ борба нерамна сè ќе сломиме -
За на слободата пат да и се даде
И љубов братска да задомиме!

O, чудно чувство! Слобода мила!
Божице светла! Маѓосно сонце!
Ах, зошто немам огнена сила
Да ти го опишам сјајното лице?!

За тебе слободо долго се чека,
В крвје се тоне, в крвје се плови,
Низ борби преку векутума-века
Правдата бунтот ќе ја благослови!

Но, молкни срце! Добродетелта
На робот конечно збор ќе му даде.
Успешно врви си ти кон целта:
Се нека цркне, Свету без надеж!