Слобода или смрт (1898)/ Еди Куле

Еди Куле

од Атанас Раздолов
„Ужасен солунски затвор“

Дому на солзите и на воздишките,
На пекол страшен, ужасен џенем,
Солунско кале, паметник римски си,
Кадешто цутот народен венее!

Мачилиште си кадешто гинат
Недоброј јунаци - смели, млади,
Оковани во пранги в маки зинат
И крвје им навира од гради.

Младино златна, народно цвеќе,
Овдека губиш младост и сили,
Султанот мачител одамна веќе
Се зафатил да те обескрили!

Не се занесувај ти древно кале
И тебе пепел ќе те сторат
И Македонците што востанале
Низ дим ќе разгласат зошто се борат!

Набунт се крена народната сила,
Бунтот е борба за вистината,
И, в таа турска држава гнила
Ќе светне сонцето на правината!