„Notre Dame“

од Ацо Шопов


Богохулно, грешно и без срам
сека вечер мислам покрај Сенa:
што би сторил да e Notre Dame
чудом млада и убaва жена?
Да си в Париз, да си тaка сам
и самота така да те кине...
Дал' и онa, би сакал до знaм,
рaмнодушно мене ќе ме мине?
O не, нема!.. Штом огрее ден
ќе ме втаса крај мирната река:
„Поведи ме во Boulogne i Vincennes,
столетија јас тебе те чекам."
Како тогаш ќe ce сетам млад,
каква сила и пркос ќе сетам!
И сигурно - и во овој град
јас ќе бидам најнежен поета.
Ho попусто - сонот си e сoн,
a животот други далги влече.
Нема каде: преку Babylone
да одлутам на Pigalle и вечер.
И тргнувам без надеж, без моќ.
Сена плиска под лотките леки...
Барем да сум само една ноќ
едно кубе на нејните плеќи!

Поврзано

уреди